ГРУЕВСКИ: ДОБРО СУМ, НО ‘ФАКТУРАТА’ ЗА ЗДРАВЈЕТО ДОАЃА ПОДОЦНА

ГРУЕВСКИ: ДОБРО СУМ, НО ‘ФАКТУРАТА’ ЗА ЗДРАВЈЕТО ДОАЃА ПОДОЦНА

ГРУЕВСКИ: ДОБРО СУМ, НО ‘ФАКТУРАТА’ ЗА ЗДРАВЈЕТО ДОАЃА ПОДОЦНА

Коментарите се исклучени на ГРУЕВСКИ: ДОБРО СУМ, НО ‘ФАКТУРАТА’ ЗА ЗДРАВЈЕТО ДОАЃА ПОДОЦНА
Share Button

По едночасовната пауза што ја даде судијката Добрила Кацарска, продолжи судењето за предметот „Тенк“ кој се однесува на набавката на луксузниот мерцедес вреден околу 600 000 евра.

 

Првообвинетиот, поранешниот премиер Никола Груевски пред да влезе во Судот, во изјава за медиумите посочи дека МВР можело да го набави ова возило и без тендер ако сакало.

,,Не постои случај во светот поранешен премиер да одговара зашто остварил корист и одреден број пати користел возило. Обвинението е дека сум сакал да имам корист и да се возам во возилото наместо во возило старо 20 години. Сите искази беа во наша корист, тоа беа сведоци на СЈО. Прво, МВР можело без тендер да го набави возилото ако сакало. Второ имало законски рок за тендерот. Не случајно за утре е закажано рочиште за Титаник, за да биде тоа прва вест, а не доаѓањето на Коѕијас”, рече Груевски.

Одговарајќи на новинарско прашање, каква е неговата здравствена состојба имајќи предвид дека речиси секојдневно е на рочишта, Груевски рече дека ‘фактурата’ доаѓа подоцна и дека засега е добро.

Груевски потенцираше дека Судот одбил да го одложи денешното судење, поради кое тој всушност денеска не може да присуства на собраниската седница за доверба на Владата.

Денеска во Кривичен дојдоа и останатите обвинети Гордана Јанкуловска и Поповски. Претпладнево се изведуваа писмени докази, а во моментот сведочи првиот од вкупно тројца сведоци кои е планирано денеска да дадат исказ.

уредник

Related Posts

Демирхисарскиот градоначалник е пуштен од полициската станица

Коментарите се исклучени на Демирхисарскиот градоначалник е пуштен од полициската станица

Хигиеничарот кој нападна ученик во основно училиште во Битола е суспендиран

Коментарите се исклучени на Хигиеничарот кој нападна ученик во основно училиште во Битола е суспендиран

Видео: Поплавено шеталиштето и кафулиња во Охрид

Коментарите се исклучени на Видео: Поплавено шеталиштето и кафулиња во Охрид

Го затнале одводот од фонтаната , секој ден по некоја штета

Коментарите се исклучени на Го затнале одводот од фонтаната , секој ден по некоја штета

ЗАЕВ: И МЕНЕ МЕ БОЛИ, АМА МОРАВМЕ ДА ПРИФАТИМЕ ПРОМЕНА НА УСТАВОТ СО ЦЕЛ ПРОМЕНА НА ИМЕТО

Коментарите се исклучени на ЗАЕВ: И МЕНЕ МЕ БОЛИ, АМА МОРАВМЕ ДА ПРИФАТИМЕ ПРОМЕНА НА УСТАВОТ СО ЦЕЛ ПРОМЕНА НА ИМЕТО

ВМРО – ДПМНЕ: Дојде животот за братот на Градоначалничката на Битола

Коментарите се исклучени на ВМРО – ДПМНЕ: Дојде животот за братот на Градоначалничката на Битола

Create Account



Log In Your Account