Латас повторно не се појави на суд

Латас повторно не се појави на суд

Латас повторно не се појави на суд

Коментарите се исклучени на Латас повторно не се појави на суд
Share Button

Главната расправа за предметот „Тотал“ е одложена за следниот месец. Осомничениот Драган Павловиќ-Латас и денеска како и на претходните две рочишта не присуствуваше во судот поради здравствени и семејни причини.

Во случајот „Тотал“ Латас е обвинет заедно со три фирми: „Тотал маркетинг“ ДООЕЛ, „Тотал медија центар“ и „Медијамакс“, во кои тој се јавува како сопственик или управител.

Според обвинението, Латас во периодот од 2008 до 2015 година одбегнал плаќање данок. Тој и правните лица давале лажни податоци за даночните обврски – фирмите не плаќале данок, а обвинетиот и самиот одбегнал да плати данок. Латас како управител на компаниите ја намалил основицата за данок и не пријавил лични приходи. Тој набавката на опремата за себе ја евидентирал како опрема за фирмите, иако во фирмите немало вработени лица, односно во една фирма имало само еден вработен. Овие средства биле евидентирани како основни средства и тековни трошоци, а Латас ја намалил обврската и по основа на ДДВ. Износот за добра и набавени услуги осомничениот не го пријавил во годишната даночна пријава.

уредник

Related Posts

Јанушев: РЕК Битола склучи милионски договор во четири очи

Коментарите се исклучени на Јанушев: РЕК Битола склучи милионски договор во четири очи

Врзете ги кучињата. Мора да бидат врзани за да не касаат – рече Селмани

Коментарите се исклучени на Врзете ги кучињата. Мора да бидат врзани за да не касаат – рече Селмани

ЈОЦИ ПОБАРА САМОРАСПУШТАЊЕ НА ВЛАДАТА

Коментарите се исклучени на ЈОЦИ ПОБАРА САМОРАСПУШТАЊЕ НА ВЛАДАТА

Заев тврдеше дека е противуставно униформите на полицијата да бидат двојазични

Коментарите се исклучени на Заев тврдеше дека е противуставно униформите на полицијата да бидат двојазични

Create Account



Log In Your Account