Утврден идентитетот на разбојникот кој синоќа беше ранет во Битола

Утврден идентитетот на разбојникот кој синоќа беше ранет во Битола

Утврден идентитетот на разбојникот кој синоќа беше ранет во Битола

Коментарите се исклучени на Утврден идентитетот на разбојникот кој синоќа беше ранет во Битола
Share Button

СВР-Битола соопшти дека е утврден идентитетот на разбојникот кој вчеравечер прво извршил разбојништво и кражба во колонијална продавница во Битола, а подоцна во престрелка со припадници на полицијата бил ранет и пренесен во Клиничка болница-Битола на лекување.

Од СВР-Битола потврдуваат дека станува збор за лицето Д.Ј. (32 г.) од Скопје, кој времено престојувал во Битола, во куќа на улица „16-та“, каде и се сокрил по извршеното разбојништво и кражба на производи, пари и мобилни телефони од продавница во Битола.

При обид да се изврши претрес во ноќните часови, осомничениот не сакајќи да излезе од помошната просторија што се наоѓала во дворот на куќата, почнал да пука во полициските службеници при што било употребено огнено оружје и од страна на полицијата. Околу 1:50 часот осомничениот пукајќи​ се обидел да избега од помошната просторија во дворот, на што било возвратено од страна на полициските службеници и истиот бил совладан. Во престрелката осомничениот се здобил со прострелни рани во пределот на нозете и е пренесен во Клиничката болница во Битола на лекување со возило на Итна медицинска помош што било присутно цело време додека траела акцијата за приведување на разбојникот, потврдуваат од СВР-Битола.

Надлежниот јавен обвинител изврши увид на местото на настанот и издаде наредби за обезбедување на материјални траги. Во тек е прибирање на останатите докази.

уредник

Related Posts

Тепачка во полициска станица му го одзел пиштолот на полицаецот

Коментарите се исклучени на Тепачка во полициска станица му го одзел пиштолот на полицаецот

Драма во тетовското Ларце: Полицијата застрела лице со потерница, кое врз нив фрлило рачна бомба

Коментарите се исклучени на Драма во тетовското Ларце: Полицијата застрела лице со потерница, кое врз нив фрлило рачна бомба

МВР објави фотографија од лице кое го бара во врска со нападот на пратеникот Горан Милевски

Коментарите се исклучени на МВР објави фотографија од лице кое го бара во врска со нападот на пратеникот Горан Милевски

Повредена тинејџерка од Битола, откако во неа удрило товарно возило

Коментарите се исклучени на Повредена тинејџерка од Битола, откако во неа удрило товарно возило

Create Account



Log In Your Account