УЈП објави нова листа на должници

УЈП објави нова листа на должници

УЈП објави нова листа на должници

Коментарите се исклучени на УЈП објави нова листа на должници
Share Button

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.04/2018 за долгови доспеани до 30.12.2017 и неплатени до 31.03.2018 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е:

– повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и

– повисок од 300.000 денари за правните лица.

Листата на должници се објавува на веб страницата на Управата за јавни приходи согласно член 9 од Законот за даночна постапка.

Управата за јавни приходи без согласност на даночниот обврзник на својата веб страница може да објави податоци заради исправка на непотполни информации кои се објавени во Листата на должници.

Доколку даночниот обврзник не се согласува со објавените податоци, Ве молиме да се обратите до:

 

– надлежната Регионална дирекција на УЈП (види контакт) – за објавените долгови по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход и придонеси од задолжително социјално осигурување;
Царинска управа на РМ-Одделение за наплата на приходи, буџет, гаранции и анализа (тел.02/3293 978 или 02/3293 971) – за објавените долгови по основ на акцизи, царини и ДДВ при увоз.

– На Листата на должници бр.04/2018 објавени се 2080 должници – правни лица (помалку за 64 од претходната листа) и 1909 физички лица (повеќе за 25 од претходната листа).

Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.04/2018 изнесува 10.038.246.109 денари, помалку за 310.530.498 денари од претходната листа. Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 9.996.520.591 денари (помалку за 309.429.248 денари од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 41.725.518 денари (помалку за 1.101.250 денари од претходната листа).

Целосната листа можете да ја погледнете ТУКА

уредник

Related Posts

Миленко Неделковски:Пред малку е приведен Владиката Петар

Коментарите се исклучени на Миленко Неделковски:Пред малку е приведен Владиката Петар

Create Account



Log In Your Account