Не се слика…не се слика….Се изнаслика?

Градоначалничката на Битола, Наташа Петровска изврши увид на градежните работи кои се одвиваат на влезот на градот од страната на Прилеп. Градежните работи се одвиваат согласно Програмата за уредување на градежно земјиште на општина Битола и Програмата за рехабилитација на регионални патишта на ЈП  за државни патишта на Македонија за 2018 година, ЈП „Македонија пат“. Општина Битола за реконструкција на влезот и ново булеварско решение издвои над 8 милиони денари, а дополнителни средства ќе обезбеди и ЈП Државни патишта на Република Македонија.

Според градоначалничката Петровска, сообраќајниот влез во Битола од страната на градот Прилеп долго време бил запоставуван, но со ангажманот на локалните власти и поддршката на ЈП Државни патишта на Република Македонија, наскоро ќе има ново и модерно сообраќајно решение.

-Ние одлучивме да не вршиме само покривање на проблемот со асфалтирање на коловозот, туку најнапред ќе го решиме проблемот со атмосферските води, а потоа ќе ставиме нов квалитетен асфалт. Паралелно со изведбените работи ќе ја отстрануваме и зачуваме камената коцка која досега била покривана со асфалт, а сега истата ќе ја ставиме во функција на други инфраструктурни проекти, изјави Петровска.

-Булеварскиот влез во градот ќе биде решаван фазно со цел битолчани, но и гостите на градот безбедно да возат и да не се соочуваат со проблеми врз своите автомобили како што тоа досега беше од големите дупки на патот. На овој дел на градот, но и на обиколницата над градот ќе има регулиран сообраќаен режим за возење и стручните лица ме уверија дека нема да има никаков застој во сообраќајот како на северниот влез, така и на обиколницата, констатира Петровска.

Петровска изврши увид и на регионалната обиколница Прилеп-Битола-Охрид која подолго време е забранета за сообраќај.