Се урна грчки воен авион

Share Button

Грчкото воено воздухопловство денеска информираше дека борбен авион од типот Мираж 2000-5 паднал во близина на островот Скирос.

Според грчкиот весник „Катимерини“ се работи за еден од двата авиони кои биле испратени да пресретнат турски борбени летала над Егејско Море.

Според весникот, се верува дека не дошло до непријателско соочување, но се уште нема официјална потврда за причината за уривањето на грчкиот воен авион.

Бродови на грчката морнарица го пребаруваат местото на инцидентот, во потрага по пилотот.