Владика Петар: Бев приведен и испрашуван на aеродром, но ми се извинија

Владика Петар: Бев приведен и испрашуван на aеродром, но ми се извинија

Владика Петар: Бев приведен и испрашуван на aеродром, но ми се извинија

Коментарите се исклучени на Владика Петар: Бев приведен и испрашуван на aеродром, но ми се извинија
Share Button

Ангажирав бранител и јас многу нема да објаснувам за случајот на aеродромот. Не патував за Австралија туку на друго место, изјави владиката Петар одговарајќи на новинарско прашање да го објасни завчерашниот случај на аеродромот во Скопје кога беше приведен и испрашуван од финансиската полиција. Владиката Петар денеска служеше света литургија на манастирот „Свети Архангел Михаил“ во Варош во Прилеп по повод празникот Источен петок- Балаклија.

– Адвокатот Љубомир Михајловски-Џанго го ангажирав бидејќи бев приведен, лишен од слобода и испрашуван. Јасно им реков дека имам свој адвокат и без него нема да кажам ниту збор. Мојот адвокат им покажа и им докажа дека направиле грешка во својата постапка и дека тоа не смееле да го направат, а тие се извинија, рече владиката Петар.

На новинарското прашање дека тоа го спречило да патува во Австралија, владиката Петар изјави дека не патувал на овој континент.

– Не патував за Австралија, туку на друго место. Бев спречен да го искористам моето право да летам со авионот, но затоа со следниот авион летав. И синоќа кога се вратив повторно ми се извинија за случајот на аеродромот, изјави владиката Петар.
извор sitel.com.mk

уредник

Related Posts

ЈОЦИ ПОБАРА САМОРАСПУШТАЊЕ НА ВЛАДАТА

Коментарите се исклучени на ЈОЦИ ПОБАРА САМОРАСПУШТАЊЕ НА ВЛАДАТА

Адвокатката Софија Бојковска со нови детали во врска со случајот со девојчето штитеник од „25 Мај“

Коментарите се исклучени на Адвокатката Софија Бојковска со нови детали во врска со случајот со девојчето штитеник од „25 Мај“

Да му помогнеме на 15-месечното девојче од Македонија кое мора да се оперира во Кина

Коментарите се исклучени на Да му помогнеме на 15-месечното девојче од Македонија кое мора да се оперира во Кина

Create Account



Log In Your Account