Во Кривичниот суд денеска треба да се одржи рочиште за случајот на СЈО „Транспортер“

Ново рочиште за „Транспортер“

Денеска во  Кривичниот суд  треба да се одржи ново рочиште за случајот на Специјалното јавно обвинителство „Транспортер“.

Во овој случај обвинети се поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески и уште 20-тина лица за злоупотреба на службената положба во врска со организирањето превоз на ученици во Битола, со што е направена проневера на околу 360.000 евра.