Добиле откази поради бизарна лага: Полицајци тврдат дека глувци ја изеле марихуаната од депото

Осуммина аргентински полицајци добиле откази бидејќи за изчезнувањето на запленета дрога ги обвиниле глувците во полицискиот магацин. Имено, како што пренесува Би-би-си, инспектори откриле дека од полицискиот склад во Пилар, северозападно предградие на Буенос Аирес, недостигаат 540 килограми марихуана.

Поранешниот командант на градската полиција, Хавиер Специја, и други полицајци, во судот рекле дека оваа количина марихуана исчезнала зашто била изедена од глувци. Сепак, вештаците се сомневаат во оваа приказна бидејќи глувците сигурно ќе пцовисале доколку изеле толкаво количество марихуана.

Судијата Адријан Гонзалес Чарваја рекол дека според експертите на универзитетот во Буенос Аирес глувците не би ја замениле стандардната храна со марихуана, а дури и да го направеле тоа, ќе биле пронајдени многу мртви глодачи во складот. Полицајците своите искази пред судот треба да ги изнесат на 4 мај годинава.