Ослободени се обвинетите за убиените полицајци во Арачиново во 2000 година

Ослободени се обвинетите за убиените полицајци во Арачиново во 2000 година

Ослободени се обвинетите за убиените полицајци во Арачиново во 2000 година

Коментарите се исклучени на Ослободени се обвинетите за убиените полицајци во Арачиново во 2000 година
Share Button

Кривичниот суд во Скопје денеска донесе втора ослободителна пресуда за Лирим Динарица, Емрула Емрулаи, Рамиз Асани, Муча Бајрами, обвинети во случајот на тројцата убиени полицајци Кирил Петрушевски, Ацо Ангеловски и Ерол Готак, на влезот во Арачиново во јануари 2000 година. Од натамошен прогон во меѓувреме беа  ослободени и обвинетите, сега веќе починати, Башким Асани и Агим Асани.

Судскиот процес за убиството на тројцата полицајци трае 18 години. На овие жители на Арачиново им се судеше затоа што, според обвинението, ги застрелале полицајците Петрушевски, Ангеловски и Готак.

По денешната ослободителна пресуда Лирим Динарица пред зградата на судот изјави дека во нивна одбрана имало 100-тина сведоци кои изјавиле дека тие немале ништо со случајот што им се ставал на товар.

-Жално  е што во нашата Република Македонија, морам ова да го кажам,  во затворите лежат невини луѓе. И не само во овој случај. Минавме 18 години тортура и малтретирања низ овие судски лавиринти и само нашата кожа знае како ни било, изјави Динарица.

Тројното убиство се случи на 11 јануари 2000 година,  на влезот во Арачиново.

Шестмината обвиенти во досегашната судска постапка еднаш веќе добија ослободителни пресуди поради немање докази, но Апелациониот суд по жалба на Обвинителството ја укина првостепената пресуда и постапката ја врати од почеток.

На повторената постапка, Скопското обвинителство поднесе обвинителен акт и за уште едно лице, Емрула Емрулај, а постапката беше запрена за Агим Асани кој беше убиен пред Стоковната куќа „Илинден” во февруари 2007.

Според обвинението, шестемина во доцните часови од заседа ги застрелаа полицајците Петрушевски, Ангеловски и инспекторот Готак, кои на влезот од селото учествувале во акција за пронаоѓање украдени луксузни автомобили. Тројцата полицајци беа изрешетани од автоматско оружје.

Првообвинетиот Динарица во истражна постапка го признал делото и во детали го опишал настанот, но на судењето го сменил исказот, велејќи дека признанието во истрагата го дал под присила.

Судскиот процес на почетокот се одвиваше под силно полициско обезбедување. Сега обвинетите се бранат од слобода. Во текот на овие неколку години се променија неколкумина судии кои го работат предметот.

извор tv21.tv/mk

уредник

Related Posts

Извлечени странски државјани изгубени кај Попова Шапка

Коментарите се исклучени на Извлечени странски државјани изгубени кај Попова Шапка

Create Account



Log In Your Account