Се поместуваат ли се уште плочките низ Широк сокак при движење? Жена се засопна и падна

Саботно попладне, Битола се спрема за Велигден,  15 часот, низ Широк сокак раздвижено…за само неколку часови ќе се објави радосната вест за Воскресението Христово, граѓаните пазаруваат, ги има во голем број и низ Широк сокак….
Во еден момент средовечна жена која иако на нозете носеше ниски обувки се засопна  и падна. Среќа што не се повреди но јасно беше дека таа се преплаши. Притрчавме да и помогнеме и не фотографиравме, таквите слики баш и не се погодни за да  се фотографираат. Граѓаните пак, кои ги имаше во голем број токму тука низ Широк сокак на  сите очите им  беа вперени кон паднатата пребледена сограѓанка.Откако стана со помош, таа додаде- Многу се исплашив се засопнав еве, на овие плочки се помести плочката и изгубив контрола.Набргу застана до некои луѓе кои беа во близина и ја прашуваа што се случи  дали е повредена а нам ни се заблагодари што притрчавме напомош. Но, секој во таква ситуација би помогнал, барем битолчани се такви , помагаат . Објавата не е за хуманоста или добро дело туку за сепак да внимавате. Во 2017 градежни работници поправаа некои од гранитните плочки кои при движење се поместуваа, вршеа и замена на оние плочки кои имаа поголеми оштетувања, но веројатно граѓаните на Битола повторно се соочуваат со истиот проблем.
фотографиите се направени денес низ Широк сокак