Студентски собир во Битола против промената на името и воведување на „предлог-законот за употреба на јазиците

Младите денеска кај битолскиот плоштад Магнолија се собираат од 18 часот па се до 20 часот. Станува збор за студентски собир преку кој младите го креваат гласот против промената на името и воведување на „предлог-законот за употреба на јазиците.

-После Штип, се крена и Битола – Град по град, ние студенти го креваме гласот против промената на името и воведување на „предлог-законот за употреба на јазиците“.
ДА КАЖЕМЕ ГЛАСНО НЕ ЗА ПОДЕЛБИТЕ И УНИШТУВАЊЕТО НА НАШАТА ДРЖАВА!- велат  од Млади за Македонија

Да се прекинат преговорите со Грција, бараат студентите кои  се собраа во Битола на плоштадот Магнолија

Обединети под иницијативата „Млади за Македонија“ нагласуваат дека Законот за употреба на јазиците е неуставен и ќе нанесе само штета на државата

С.А

фото новост.мк