Беден живот во мизерен дом живее семејството Петрушевски од скопски Чаир

Беден живот во мизерен дом живее семејството Петрушевски од скопски Чаир

Беден живот во мизерен дом живее семејството Петрушевски од скопски Чаир

Коментарите се исклучени на Беден живот во мизерен дом живее семејството Петрушевски од скопски Чаир
Share Button

Беда и сиромаштија владее во домот на семејството Петрушевски, на ул Џон Кенеди во скопската населба Чаир. Три члено семејство кое е препуштено на милост и немилост. Без храна и во руинирана соба и тоалет од кој се шират зарази, семејството се моли да го преживее секој нареден ден.

До солзи во очите и очај, пред нашиот објектив раскажуваа за животот кој го живеат. До неодамна живееле од социјална помош, а сега и тоа им е укинато. Живеат заедно со мајката на Марија која воопшто не им помага и која постојано седи заклучена во својата соба.

Помош од роднините не добиваат, препуштени се на милоста на нивните комшии.

Семејството Петрушевски едвај составува крај со крај. Иако се со здравствени проблеми, живеат без социјална помош, преживуваат чистејќи по влезовите.

Семејството моли до надлежните институции и хуманите луѓе за помош. Се е добредојдено во овој мизерен дом.

Дотогаш тие остануваат во живот меѓу четирите ѕидови, во трошната соба, со телевизорот кој можеби и ќе издржи и со желби за подобри денови. Здравје велат, ќе видиме…

Новинар: Ева Јакимовска

Семејството Петрушевски од Чаир живее во беда и сиромаштија

Беда и сиромаштија владее во домот на семејството Петрушевски од скопската населба Чаир. Во руинирана соба и тоалет од кој се шират бактерии, семејството се мачи да го преживее секој нареден ден. Едвај составуваат крај со крај, а живеат и без социјална помош. Се надеваат на хуманоста на граѓаните.

Публикувахте от Ја сакам Македонија в 16 април 2018 г.

уредник

Related Posts

Create Account



Log In Your Account