Истепани лекари од роднини на пациенти, на докторка и нанеле тешки телесни повреди

Share Button

Дежурна лекарска екипа била нападната од страна на роднини на пациенти

Инцидентот се случил синоќа во општата болница во Кочани. Напаѓачите биле блиски роднини на пациентка која била хоспитализирана во здравствената установа.

Во инцидентот лекарката се здобила со телесни повреди, а доживеала и психичка траума, поради што побарала неколкудневен одмор.

– Нападот врз нашата колешка се случил во моментот кога ги прегледувала резултатите на пациентите кои требало да примат инсулин. Напаѓачот инсистирал неговата мајка која била примена претходниот ден и уредно згрижена, да добие приоритет, по што ја фатил лекарката за врат во обид да ја задави.

Ова не е прв ваков напад врз лекарите во болницата, но е еден од најсериозните досега, рече директорката на Општа болница – Кочани, Борка Панова.

Во знак на солидарност со својата колешка, попладнево лекарите и медицинскиот персонал од болницата излегоа на мирен протест, со барање да добијат поголема заштита.