Народниот правобранител: Надлежните да преземат мерки и да обезбедат училишта без насилство

Народниот правобранител: Надлежните да преземат мерки и да обезбедат училишта без насилство

Народниот правобранител: Надлежните да преземат мерки и да обезбедат училишта без насилство

Коментарите се исклучени на Народниот правобранител: Надлежните да преземат мерки и да обезбедат училишта без насилство
Share Button

Народниот правобранител го осудува отсуството на навремена и соодветна реакција за превенирање на насилство меѓу учениците, и ги потсетува одговорните во училиштата, како и пошироко заедницата дека училиштето е воспитно образовна установа, која има обврска и должност да обезбеди грижа и заштита на децата, како и да преземе превентивни мерки за спречување на насилството меѓу децата, но и врз децата.

„Во овој контекст, имајќи ги предвид случаите на насилство меѓу ученици во неготинско училиште, насилство врз ученик од вработен во училиште во Битола, Народниот правобранител бара од одговорните во училиштата, локалните самоуправи и просветниот инспекторат да преземат мерки со цел да се обезбедат училишта без насилство, во кои ќе владее позитивна клима, взаемно почитување и другарување меѓу учениците. Воедно, за Народниот правобранител инцидентот со насилството во гостиварската гимназија е пред сè срамен акт, но и лош пример за учениците кои се образуваат во ова училиште, поради што го повикува Министерството за образование и наука да реагира со цел обезбедување на училишта во кои сите ќе се чувствуваат безбедно и сигурно“, се вели во соопштението.

Имајќи го предвид отсуството на реакција кај соучениците во случајот со насилството помеѓу ученички во основно училиште во Неготино, вели Народниот правобранител, каде според снимките објавени во јавноста, учениците користејќи ги мобилните телефони го снимаат насилството и не преземаат ништо истото да го спречат, се поставува прашањето: што се случува со воспитувањето на децата?

„Дали семејството и училиштето ја занемариле оваа значајна функција, која заедно со образованието има важна улога во правилниот развој на секое дете? Располагаат ли училиштата со ефикасни методи и обучен кадар кој знае и кој умее да превенира од насилство, односно да едуцира генерации кои ќе знаат да почитуваат и преку дијалог да ги решаваат евентуалните проблеми?“, прашува омбдусманот.

Тој напоменува дека има потреба од позачестени контроли и надзор над работата на образовните установи во кои децата остваруваат право на образование заради превенирање од насилство врз децата и помеѓу децата, односно нетолерирање на насилството.

„Народниот правобранител очекува надлежните органи целосно и до крај да преземат мерки за расчистување на случаите со насилство во училиштата, при што особено да се утврди ефикасноста на мерките за спречување на насилство помеѓу и врз децата во училиштата, а за што Народниот правобранител оваа година ќе спроведе посебно истражување“, се вели во соопштението.

извор 24info.mk

уредник

Related Posts

Повеќе од 10.000 граѓани досега ја потпишале петицијата против Законот за употребата на јазиците

Коментарите се исклучени на Повеќе од 10.000 граѓани досега ја потпишале петицијата против Законот за употребата на јазиците

Црквата и православните верници утре го одбележуваат празникот Задушница

Коментарите се исклучени на Црквата и православните верници утре го одбележуваат празникот Задушница

В недела, ВМРО – ДПМНЕ цела Македонија ја повика во Битола на протестен марш

Коментарите се исклучени на В недела, ВМРО – ДПМНЕ цела Македонија ја повика во Битола на протестен марш

Create Account



Log In Your Account