Бирократија или немаштија? Отпадни води капат во креветот на болно дете

Share Button

 

Бирократија или немаштија. Отпадни води капат во креветот на болно дете од Штип. Причина е расипана водоводна инсталација во спарот над нив кој е во државна сопственост и која никој не ја санира:

  • Најнапред почна од купатилото, таму веќе и сијалицата трепка и може да дојде до спој и да предизвика пожар. Потоа се рашири и во другите соби, капе каде што ми спие детето, изјави Валентина Хасановиќ.

Зградата е во сопственост на т.н. Станбено претпријатие каде засегнатата Хасановиќ редовно плаќа ќирија:

  • Редовно плаќам кирија, данок на државата, немам никаков долг и вака да не ми се помогне, кажа Хасановиќ.

Токму таму, Хасановиќ барала помош за санација на проблемот, но досега решение нема:

  • Ова е четврта пријава што ја пишувам до Станбеното ми рекоа дека немале тендер, епа ајде и јас да не плаќам курија да си го санирам таванот, ми рекоа има извршители, ме интересира каде се трошат парите што ги плаќаме кога вакви работи не ни се санираат навреме, праша револтирано Хасановиќ.

Инаку, во овој стан Валентина и нејзиниот син кој е лице со посебни потреби живеат веќе 18 години и досега проблем ниту со плаќање ниту со Станмбеното немале.

Од АД за Стопанисување со станбен и деловен простор во Штип не информираа дека со проблемот се запонати, но немаат законска можност во моментов да реагираат:

„…Во тек е тендерска постапка за т.н. тековно одржување за сите објекти кои се во наша надлежност. По завршување на истата, санацијата на проблемот на ова семејство е наш прв приоритет, но дотогаш не смееме да интервенираме ниту таму, ниту на било кое друго место…“, информира ВД раководителот Боро Димков.