Скопјанка се обидела да се самоубие со солна киселина

Педесет и четиригодишна скопјанка вчера се обидела да се самоубие. Настанот во полиција го пријавила нејзина соседка која изјавила дека жената што се заканува со самоубиство е заклучена во својот стан.

Вратата од станот била насилно отворена од Противпожарна единица, по што било утврдено дека жената испила неодредена количина на солна киселина. Полицијата успеала да ја спречи да го испие и преостанатиот дел. Од страна на Итна медицинска помош е пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза” каде и’ била укажана лекарска помош.

Извршен е увид на местото на настанот.