Тепачка меѓу две групи струмичани со боксови, столчиња и секира

Share Button

Вербална расправија меѓу две групи струмичани прераснала во тепачка со боксови, столици и други предмети, меѓу кои и секира, информира МВР.

Вчера околу 15.00 часот во Струмица на улица „Славчо Стојменски“ нарушен бил јавниот ред и мир со тепачка помеѓу Н.А., З.А., Ф.А. Г.А. и Р.А. од едната страна и К.М., А.М. и С.М. од другата страна. Најпрвин започнала вербална расправија меѓу лицата, по што истите си размениле некоолку удари со боксови, столови и дрги предмети меѓу кои и секира. Лицата се раздвоени од полициски службеници. Дел од учесниците се здобиле со телесни повреди, додека С.М. е пренесен во Јавна здравствена установа – Општа болница Струмица за укажување на лекарска помош“, соопшти МВР.

По целосно документирање на случајот против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.