Јанушев: РЕК Битола склучи милионски договор во четири очи

„Дали е на повидок нов голем скандал во АД ЕЛЕМ? Раководството на ЕЛЕМ поништи транспарентен јавен повик за ангажирање на работници за потребите на РЕК Битола и склучи милионски договор во четири очи. Раководството на РЕК Битола, склучи договор во висина од 21 милион и 240 илјади денари за ангажирање на работници со договор во четири очи со фирмата СВ – Инвест, која според информациите со кои располагаме е во сопственост на близок пријател на директорот на РЕК Битола“, вели денеска потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.