Битолчанец ја пријавил ќерката за исчезната , ја пронашол но се сомнева дека врз неа било извршено полово дејствие

Share Button

На 20.04.2018 година во 16.30 часот во СВР Битола, Ж.Б.(44) од Битола, пријавил дека на 15.04.2018 година околу 12,00 часот, неговата 13 годишна ќерка се оддалечила од домот. Истата на 17.04.2018 година, од страна на нејзиниот очув била пронајдена во домот на непознато лице кое исто така било малолетно и целиот настан бил пријавен и евидентиран во СВР Битола.

Родителот има сомневања дека врз неговата ќерка било извршено полово дејствие од страна на непознат сторител, за времето додека истата била пријавена за исчезната. За настанот бил известен Јавен обвинител.

Се преземаат мерки за расчистување на настаното сопштуваат од МВР