(ФОТО) Мртво тело лежи покриено на паркинг во скопски Аеродром

Кај поликлиниката Јане Сандански доцна синоќа е забележано мртво тело како лежи покриено на паркингот пред зградите во Аеродром, објави порталот „Макпрес.мк“.

Како што пишува порталот се работи за женско тело но сеуште нема официјални информации од МВР за настанот и за тоа дали се работи за убиство, самоубиство или природна смрт.