Кои се бенефитите да се биде член во Нинџуцу клуб Битола и почетоците на НКБ , март 2007!

ПОЧЕТОЦИТЕ НА НКБ

Нинџуцу клуб Битола е академија за боречки вештини која правно датира од Март 2007 година, а почетоците на овај боречки клуб се некоја година претходно кога се одржува тренинзи без правна регистрација под капата на Македонската Нинџуцу Федерација со огромна желба да се создаде нешто повеќе. Да се биде член во оваа академија во која се изучуваат борбен стил на Македонска Нинџуцу вештина (Ryu ha Macedonian Ninjutsu) и Бразилска Џиуџицу, вештина во партер значи да се биде дел од еден тим ,една фамилија која водена од кодекси на почит , дисциплина, лојалност функционира на високо ниво на професионализам во повеќе погледи. Тука веќе е создаден базичен тим кој упорно со многу љубов, желба, трпение оди напред по патот на боречките вештини. Тоа е тим кој на секој нов член му оддава многу почит, внимание се со цел новиот член да може многу побрзо да се вклопи во цел систем.

ОРГАНИЗАЦИЈА

Во НКБ е воведена програма на преку 60 тренинзи месечно или скоро 600 на годишно ниво,а со самото тоа е отворена можност за љубители на рекреативен, аматерски и профи приод во изучувањето. Создадени се и месечни пакети за членарина во зависност од тренинзите ,а тоа значи и за тие со помал домашен буџет да имаат можност да спортуваат и изучуваат боречки вештини. Рекреативно занимавање со боречки вештини и спортови значи еден вид на хоби каде членот се определува за пакет 8 тренинг денови со помек систем на тренинг преку кој рекреираат за себе како припадник на една екипа која му дава помош во секој поглед.
Бенефиции од посетување на тренинзите најпрво мора да се споменат од здравствен аспект.
  • Подобра циркулацијата, подобрување на правилно функционирање на метаболизмот, внимание во начинот на исхрана, губење на вишокот на масти, прочистување на телото од отрови преку потта ,полнење на белите дробови со О2 кислород на тренинг во природа и многу друго. Исто така членови кои се дел од рекреативната група се пофалиле со подобрување во психолошкото расположение благодарение на позитивната атмосфера која владее во клубот.
  • Да се биде дел од аматерската група значи веќе многу посериозно да се пристапи во изучувањето на боречките вештини и спортови.Тоа значи да боречки вештини постанат дел од секојдневието каде еден член најмалку 10 часови неделно од своето време одвојува за тренинзи во НКБ во колективна атмосфера. Тоа се членови кои се вклучени во полагањето на степени на познавање на борбените системи преку појас систем во двете вештини кои се застапени во НКБ. Тие исто така по своја желба знаат често да бидат спортски амбасадори на турнирите за Бразилска Џиуџицу и аматерски ММА борби.
  • Да се завземи професионален приод значи боречките вештини да постанат 24 часовно секојдневие на еден Нинџа. За тоа потребно е најмалку 6 годишно искуство во боречкиот свет каде после тоа многу подобро се разбираат повеќе работи во боречките вештини. Потоа следува определба каде со голема посветеност се тренира секојдневно по неколку тренинзи,се размислува за боречки вештини,се истражува за нивната историја, потекло,се анализираат грешки од кои се учи и се оди напред . Тоа значи своето стекнатото знаење од боречкиот свет се користи како животна професија од типот на инструктор ,тренер по боречки вештини,ММА профи борец кој заработува од борби,ВИП bodyguard кој егзистира од својата професија, припадник на специјалните единици.

Да се биде дел од фамилијата Нинџи значи дека нема да имате залудно потрошено време.