Велешанец заминал на терапија во Скопје, но повеќе не се вратил

Share Button

Велешанец пријавил во полиција дена неговиот син откако заминал на терапија во Скопје, до денот на пријавување, не се вратил.

Според информациите на МВР, во 09,30 часот во Секторот за внатрешни работи Велес, А.Д.(67) пријавил дека на 26.04.2018 година неговиот син Б.А.(45), кој заминал во Скопје во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ за да прими терапија до денот на пријавување не се вратил.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.