Возач почина на лице место, со Мерцедес удрил во метална ограда на автопатот од Гевгелија до грчката граница

Share Button

Мерцедес со гевгелиски регистерски таблички, управувано од М.К. (27), вчера во 3 часо сабајле удрило во металната заштитна ограда на делницата од автопатот Граничен премин Богородица–Гевгелија.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, возачот починал на лице место, додека сопатникот М.П. (26) од се здобил со тешки телесни повреди и како итен случај со возило на Итна медицинска помош од Јавната здравствена установа Гевгелија бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје.

Полицијата извршила увид и работи на целосно расчистување на случајот.