Каква приказна се крие зад познатата песна посветена на Ѓурѓовден?

Share Button

Прочуената песна Ѓурѓовден настанала во „ возот на смртта“ кој патувал од Сараево за Јасеновац, сведочи професорот Жарко Видовиќ, историчар на уметноста од Сараево кој бил во озогласениот логор во 1942 година.

Кога гладните и жедни Срби кои на Ѓурѓовден во вагоните биле транспортирано за озогласениот логор, почнаа да викаат и да бараат помош, еден Сарајлија прв пат запеа: “Proljeće na moje rame slijeće, đurđevak zeleni, svima osim meni…”
Како што вели овој историчар , Србите во 1942 година на Ѓурѓовден биле затворени во сточни вагони и по наредба на НДХ, полицијата ги носела на „ ѓурѓовденско мачење“.
Според неговите зборови, на патот кон казамот затворениците во вагоните биле без храна и вода и почнале да паѓаат во криза од паника.

Во општиот хаос, еден од нив, за кого се тврди дека бил член на сараевската „Слога“, од гордост и пркост, прв пат ја запеа “Proljeće na moje rame slijeće, đurđevak zeleni, svima osim meni – Đurđevdan je!”.

Усташите поради песната „ Ѓурѓовден“ ги затвориле вратите на вагоните, а затворениците останале без воздух збиени едни до други.

Од 3000, колку што тргнале од Сараево, во Јасеновац стигнале 2.000 лица, а од нив само 200 на крајот од војната ја преживеале оваа тортура.

Подоцна песната ја надоградил Горан Бреговиќ, а најпозната изведба е на „Бјело дугме“. Исто така оваа песна е неофицијална химна на навивачите на Црвена ѕвезда.