Кражба во црквата„Свети Параскева“ во с.Нижополе-битолско,непознат сторител од црквата украл 4.500 денари

На 05.05.2018 година во 18,00 часот во Секторот за внатрешни работи Битола В.Ј. (57) од с.Нижополе-битолско пријавил дека истиот ден во времето од 11,00 до 16,00 часот непознат сторител извршил тешка кражба од црквата „Свети Параскева“ во с.Нижополе, при што одзел околу 4.500 денари. Извршен бил увид и се работи на целосно расчистување на случајот.