Поплавени куќи во Црешево и Стајковци

Поплавени куќи во Црешево и Стајковци

Поплавени куќи во Црешево и Стајковци

Коментарите се исклучени на Поплавени куќи во Црешево и Стајковци
Share Button

Во Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје, по невремето со интензивен дожд и грмотевици што го зафати скопскиот и други региони во државава, досега пристигнале дојави за поплавени објекти во скопските села Црешево и Стајковци.

–  Противпожарни екипи се упатени за интервенција поради поплавени неколку куќи во Црешево и Стајковци, изјави за МИА Ѕвонко Томевски, командир на Бригата за противпожарна заштита на град Скопје.

Невремето, во одредени делови од Скопје, предизвика  проблеми и во одвивањето на сообраќајот, како и времени прекини на снабдувањето со електрична енергија.

Според најавата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), поинтензивни врнежи за попладне се очекуваат  во западните делови од земјата. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со можна појава на град.

Во наредните денови продолжува периодот на променливо облачно време со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во попладневните часови. Утре се уште локално ќе има услови процесите да бидат поинтензивни, а во вторник и во среда појавата на пороен дожд и грмежи ќе биде поретка и со послаб интензитет. -пишува сител

уредник

Related Posts

Се огласи Владата по протестите за Алмир Алиу

Коментарите се исклучени на Се огласи Владата по протестите за Алмир Алиу

Протест пред Собрание поради законот за јазиците и силно полициско обезбедување

Коментарите се исклучени на Протест пред Собрание поради законот за јазиците и силно полициско обезбедување

Еве каде во моментов има прекин во електроснабдувањето

Коментарите се исклучени на Еве каде во моментов има прекин во електроснабдувањето

Create Account



Log In Your Account