Тешка сообраќајка во Битола: Велосипедист тешко повреден откако бил удрен од автомобил

Во текот на вчерашниот ден во 11:55 часот во Битола на улица „Партизанска“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Мерцедес“ со битолски регистарски ознаки управувано од С.Б.(47) од Битола и велосипедист Ј.К.(77) од Битола.

Во незгодата  велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди и е  пренесен во Клиничка болница Битола. Извршен е увид на местото на настанот.

Се работи на расчистување на случајот.