Три лица приведени вчера на „Партизанска“во Битола: Пијани се тепале, па ги нападнале и полицајците

Вчера околу 20.00 часот во Битола на улица „Партизанска“, при полициска интервенција по претходна пријава за нарушен јавен ред и мир со тепачка, во која учествувале Б.C. (18), А.T. (35) и Љ.T. (37), кои биле под дејство на алкохол, А.T. физички ги нападнала полициските службеници, додека Љ.T. агресивно се однесувал кон полициските службеници.

Лицата се лишени од слобода и се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.