Филип Божиновски Апсолутен Балкански Првак!!!

Share Button

На турниот кој се одржа во Охрид за Бразилска Џиуџицу во конкуренција со школи од Македонија, Црна Гора, Албанија и Бугарија помошник инструкторот од Нинџуцу клуб Битола оствари одличен успех и постана апсолутен балкански првак во ( blue belt division open class ) и балкански првак во категорија -76 кг плави напредни појаси. Ова за него е само продолжување на одличната спортска карира за 2018 година откако предходно на државното ММА првенство беше државен првак до 77 кг во ММА , на државното Џиуџицу првенство беше државен првак во борби и државен првак во Ne Waza.До крај на 2018 го очекуваат уште неколку веќе договорени турнири во повеќе боречки спортови а се надеваме ќе го видиме повторно во Oктагонот со неговите професионални ММА борби ширум Европа.

Продукт на Нинџуцу клуб Битола кој напорно , вредно пред се посветено работи секојдневно

И допринесува многу за развој на боречките спортови и вештини во Битола

 

Човек со мирољубив темперамент , пријателски настроен и голем љубител на боречките спортови особено ММА
Вистински поим за професионалец како што знае да излезе од Нинџуцу клуб Битола