ЕКСКЛУЗИВНО ИНТЕРВЈУ СО БАЛКАНСКИОТ ШАМПИОН ЗА БЏЏ, ФИЛИП БОЖИНОВСКИ ОД НИНЏУЦУ КЛУБ БИТОЛА

ЕКСКЛУЗИВНО ИНТЕРВЈУ СО БАЛКАНСКИОТ ШАМПИОН ЗА БЏЏ, ФИЛИП БОЖИНОВСКИ ОД НИНЏУЦУ КЛУБ БИТОЛА

ЕКСКЛУЗИВНО ИНТЕРВЈУ СО БАЛКАНСКИОТ ШАМПИОН ЗА БЏЏ, ФИЛИП БОЖИНОВСКИ ОД НИНЏУЦУ КЛУБ БИТОЛА

Коментарите се исклучени на ЕКСКЛУЗИВНО ИНТЕРВЈУ СО БАЛКАНСКИОТ ШАМПИОН ЗА БЏЏ, ФИЛИП БОЖИНОВСКИ ОД НИНЏУЦУ КЛУБ БИТОЛА
Share Button

НОВОСТ:Да се осврнеме на твоите почетоци, каде и што започна да тренираш и кога?Од каде толку силен мотив за денес да си Балкански првак?

ФИЛИП БОЖИНОВСКИ:Прв пат започнав да тренирам Нинџуцу во НК Битола пред 5 години на 14 годишна возраст.Мотив за боречки вештини добив од мојата сестра која започна пред мене со тренинг и ме воведе во овај свет.Таа исто беше Балкански апсолутен шампион во Бразилска Џиуџицу во сите појаси и категории во Србија и Подгорица

НОВОСТ:Низ твојата спортска кариера досега што се си тренирал?

ФИЛИП БОЖИНОВСКИ: Досега сум тренирал модерен систем на Нинџуцу кој многу наликува на Крав Мага и слични борбени реални системи и Бразилска Џиуџицу и ММА

НОВОСТ:Каде си учествувал и кои постигнувања би ги издвоил , кои се твоите досегашни успеси во боречките спортови?

ФИЛИП БОЖИНОВСКИ: Сум учествувал на боречки турнири за БЏЏ и ММА на аматерско и професионално ниво како на државни првенства така и на меѓународни и професионални турнири.Сите ми се значајни.

НОВОСТ:Учествуваше и на турниот кој се одржа во Охрид за Бразилска Џиуџицу во конкуренција со школи од Македонија, Црна Гора, Албанија и Бугарија оствари одличен успех и постана апсолутен балкански првак во ( blue belt division open class ) и балкански првак во категорија -76 кг плави напредни појаси, какво беше чувството да се потигне овој успех? Што ова значи за тебе?

ФИЛИП БОЖИНОВСКИ:Чуството беше одлично и ми претставува само мотив за уште поголеми успеси во иднина на повисоко ниво

НОВОСТ:Предходно на државното ММА првенство беше државен првак до 77 кг во ММА, кој ти беше противник?

ФИЛИП БОЖИНОВСКИ:Точно.Бев државен првак на 77 кг. каде до злато имав две борби и две победи на зафат ( гушење) со противници од Скопје и Кавадарци

НОВОСТ:На државното Џиуџицу првенство беше државен првак во борби и државен првак во Ne Waza, дали и ова е едно од твоите постигнувања кои те мотивираат да и понатаму бидеш уште поуспешен?

ФИЛИП БОЖИНОВСКИ:Секако дека ми се мотивација за поголеми успеси и промоција на боречките спортови и вештини кои ги работиме со мојот тим од НКБ

НОВОСТ:Сега си помошник инструктор во Нинџуцу Клуб Битола, според тебе што е потребно за да се стане член на овој професионален клуб?

ФИЛИП БОЖИНОВСКИ:Да се биде член од нашата академија е бенефит за секој од повеќе погледи и секој е добредојден што сака вистински квалитетен тренинг

НОВОСТ:Идни твои планови, ќе следуваат ли натпревари и каде?

ФИЛИП БОЖИНОВСКИ:Следно што ни е во план е камп во Германија во професионални школи со мојот инструктор и некој од членовите , па здравје боже до крај на 2018 ме очекуваат најмалку 2-3 БЏЏ турнири од меѓународен тип и ако успееме да договориме да одработам една професионална ММА борба

НОВОСТ:Твое мото во спортската кариера?

ФИЛИП БОЖИНОВСКИ:Упорност и издржливост се едни од двата зборови кои ни се вртат во глава кога е најтешко во клубот

НОВОСТ:И за крај ,јавноста веќе те знае дека си професионалец, дали ќе ни откриеш кој од боречките спортови ти е посебно омилен?

ФИЛИП БОЖИНОВСКИ:За мене најомилен боречки спорт е ММА каде планирам за неколку години после црпење длабоко искуство од БЏЏ и Ryu Ha Macedonian Ninjutsu да се насочам уште посериозно и да изградам кариера од која ќе егзистирам

(забрането превземање без претходна дозвола од Новост.мк)

Новост.мк се заблагодарува за интервјуто и на младиот битолчанец Филип Божиновски од НКБ му посакуваме многу идни успеси!

уредник

Related Posts

КАЗНА ЗА ВАРДАР ПОРАДИ ПОРАКИТЕ НА НАВИВАЧИТЕ ПРОТИВ ДВОЈАЗИЧНОСТА

Коментарите се исклучени на КАЗНА ЗА ВАРДАР ПОРАДИ ПОРАКИТЕ НА НАВИВАЧИТЕ ПРОТИВ ДВОЈАЗИЧНОСТА

КОМИТИ СО ПОРАКА ДО ПРАТЕНИЦИТЕ НА СДСМ-делегатот го прекина мечот

Коментарите се исклучени на КОМИТИ СО ПОРАКА ДО ПРАТЕНИЦИТЕ НА СДСМ-делегатот го прекина мечот

Утре во Скопје ќе се одржи Џиу – џицу Куп на Македонија!Од “Нинџуцу Клуб”- Битола ќе учествуваат 6 борци, им посакуваме среќа

Коментарите се исклучени на Утре во Скопје ќе се одржи Џиу – џицу Куп на Македонија!Од “Нинџуцу Клуб”- Битола ќе учествуваат 6 борци, им посакуваме среќа

Вреди да се погледне.Мај 2016 Битолските нинџи на 24-часовен семинар за надчовечка издржливост,Нинџуцу Клуб

Коментарите се исклучени на Вреди да се погледне.Мај 2016 Битолските нинџи на 24-часовен семинар за надчовечка издржливост,Нинџуцу Клуб

“Нинџуцу Клуб” Битола:Сработеното во детали за 2017-18, 63 медали од нив 32 златни!Најавуваат уште поголеми успеси

Коментарите се исклучени на “Нинџуцу Клуб” Битола:Сработеното во детали за 2017-18, 63 медали од нив 32 златни!Најавуваат уште поголеми успеси

Фудбалерите на ФК „Пелистер“ пуштени од болница- еве ги деталите

Коментарите се исклучени на Фудбалерите на ФК „Пелистер“ пуштени од болница- еве ги деталите

Кои се бенефитите да се биде член во Нинџуцу клуб Битола и почетоците на НКБ , март 2007!

Коментарите се исклучени на Кои се бенефитите да се биде член во Нинџуцу клуб Битола и почетоците на НКБ , март 2007!

Create Account



Log In Your Account