Утре завршува учебната година

Утре завршува учебната година

Утре завршува учебната година

Коментарите се исклучени на Утре завршува учебната година
Share Button

За околу 270 000 средношколци и основци, од кои околу 20 000 првачиња, утре е последниот училишен ден и почеток на летниот распуст.

Учениците-полуматуранти овој месец ќе се запишуваат во прва година средно образование за учебната 2018/2019 година.  На 18-ти и 19 јуни е првото пријавување во јавните средни училишта, а второто пријавување во јунскиот уписен рок е на 28 јуни. Во августовскиот рок пријавувањето е на 23 август.

Матурантите, пак, задутре (9 јуни) ќе имаат тестирање по мајчин јазик (македонски, албански или турски) и литература, кој е еден од трите екстерни испити и задолжителен на државната матура.

Првиот екстерен испит (странски јазик – англиски, француски, руски или германски) го полагаа во саботата.

На 11 јуни е тестирањето по третиот екстерен предмет (хемија, физика, биологија, историја, филозофија, естетика или бизнис), а на 13 јуни ќе полагаат кандидатите кои се пријавиле за испит по математика.

Според Државниот испитен центар, оваа учебна година за полагање државна матура се пријавиле вкупно 15 256 кандидати. Таа е услов за запишување на факултетите.

Учениците кои го продолжуваат основното и средното образование, на настава повторно ќе се вратат на 3 септември 2018 (понеделник), за почетокот на новата учебна 2018/2019 година.

уредник

Related Posts

Искршени прозорци во партиските простории на СДСМ во Гостивар

Коментарите се исклучени на Искршени прозорци во партиските простории на СДСМ во Гостивар

Фото галерија од протестниот марш во Битола

Коментарите се исклучени на Фото галерија од протестниот марш во Битола

Се јави Владата на Р. Македонија: Дали вечерва ќе се отстранува „Воинот на коњ“?

Коментарите се исклучени на Се јави Владата на Р. Македонија: Дали вечерва ќе се отстранува „Воинот на коњ“?

Create Account



Log In Your Account