“Нинџуцу Клуб” Битола:Сработеното во детали за 2017-18, 63 медали од нив 32 златни!Најавуваат уште поголеми успеси

“Нинџуцу Клуб” Битола:Сработеното во детали за 2017-18, 63 медали од нив 32 златни!Најавуваат уште поголеми успеси

“Нинџуцу Клуб” Битола:Сработеното во детали за 2017-18, 63 медали од нив 32 златни!Најавуваат уште поголеми успеси

Коментарите се исклучени на “Нинџуцу Клуб” Битола:Сработеното во детали за 2017-18, 63 медали од нив 32 златни!Најавуваат уште поголеми успеси
Share Button
Официјални статистики за наши сработени проекти за сезоната Септември 2017/ Мај 2018.Академијата за боречки вештини и спортови имаше напорна сезона со учество на 9 турнири за боречки спортови и тоа за Бразилска Џиуџицу, ММА, Џиуџицу ( Јапонска Џиуџица), Кикбокс , беше организатор на неколку семинари во клуб со гости од страна и од македонски школи , се посетуваа и семинари на страна во други школи од кои најзначаен може да се истакне семинарот со Родолфо Виеира за Бразилска Џиуџицу во Минхен (Pound for Pound Akademy).

Се одржаа и еднодневни тренинзи во природа за Нинџуцу.Во делот на Ryu Ha M.Ninjutsu се доделија два напредни појаси и тоа зелен и кафен кои ќе допринесат за идни генерации воини .Во делот за BJJ беа доделени седум напредни појаси и тоа четири плави во сениорската група и три жолти во кадетска и детска група кои донесоја многу медали за нашата академија и ја претставуваа во одлично светло.Од сите боречки турнири за оваа сезона каде на некои учествувавме со 2 ца борци на некои со 11-12 борци успеавме да донесеме во нашата академија 63 медали од кои 32 златни /19 сребрени /12 бронзени.( Веќе следна сезона барем 9 од сребрените се надеваме ќе ги префрлеме во златни  )

Во изборот на спортисти на град Битола имавме тројца добитници на признание од детска група и еден сениор.За вкупно 5 пехари плус стана побогата нашата академија.Имавме добри моменти по кои ќе се сеќаваме , лоши моменти од кои извлековме поука и ќе ги фрлеме во заборав, дружба, патувања, нови искуства и знаења.Летово остануваат летните Hitori Keiko тренинзи и по некој семинар и посета на странски школи и семинари во Германија па здравје боже од септември нова сезона со многу наши проекти , тренинзи, искуства и градење фамилија која ќе допринесе многу за развој и популаризација на боречкиот свет како еден начин на живот кој нуди многу бенефити од различен аспект.Голема благодарност на сите спонзори, фанови, подржувачи на клубот кои беа со нас и во добро и во лошо, кои допринесоа за нашата академија да оди напред и расте и се развива .( Луѓе со големо срце без кои нашето опшество не може да биде едно добро место за живеење).


Во иднина ветуваме уште поголеми успеси, посветеност , сериозен пристап па доколку стигнеме и до некоја поголема поткрепа како што е агенција за млади и спорт или некоја друга спортска установа ќе оствариме и поголеми успеси што ќе ја претстават

Македонија во добро светло како земја во која и покрај слабите услови за работа има луѓе кои живеат за боречките вештини и спортови и како амбасадори ќе ја претставуваат насекаде.
Во новата сезона само да напоменеме се најавува и отварање на две секции кои ќе ги работат нашите вештини и спортови во Битола и надвор од Битола.
Се најавуваат семинари со гости од страна, многу турнири за боречки спортови , наши домашни семинари како 24ч/ тренинг и уште многу други проекти па ако даде Господ и професионално доџо со екстра квалитетна опрема и услови за поголеми успеси.Одиме напред.Buffu Ikan.
Osss

Превземено од Фејсбук страницата на Нинџуцу клуб Битола – линк ТУКА

уредник

Related Posts

Интервју на Новост-Роланд Доша:После пет години повторно во форма

Коментарите се исклучени на Интервју на Новост-Роланд Доша:После пет години повторно во форма

ЕКСКЛУЗИВНО ИНТЕРВЈУ СО БАЛКАНСКИОТ ШАМПИОН ЗА БЏЏ, ФИЛИП БОЖИНОВСКИ ОД НИНЏУЦУ КЛУБ БИТОЛА

Коментарите се исклучени на ЕКСКЛУЗИВНО ИНТЕРВЈУ СО БАЛКАНСКИОТ ШАМПИОН ЗА БЏЏ, ФИЛИП БОЖИНОВСКИ ОД НИНЏУЦУ КЛУБ БИТОЛА

КОМИТИ СО ПОРАКА ДО ПРАТЕНИЦИТЕ НА СДСМ-делегатот го прекина мечот

Коментарите се исклучени на КОМИТИ СО ПОРАКА ДО ПРАТЕНИЦИТЕ НА СДСМ-делегатот го прекина мечот

Кои се бенефитите да се биде член во Нинџуцу клуб Битола и почетоците на НКБ , март 2007!

Коментарите се исклучени на Кои се бенефитите да се биде член во Нинџуцу клуб Битола и почетоците на НКБ , март 2007!

Битолчанецот Александар Димовски против гостиварецот Сазан Мемеди во Олтен-Швајцарија на 12 мај

Коментарите се исклучени на Битолчанецот Александар Димовски против гостиварецот Сазан Мемеди во Олтен-Швајцарија на 12 мај

Create Account



Log In Your Account