Градина од марихуана во станот: Падна дилер на дрога во Скопје(галерија)

Share Button

Секторот за внатрешни работи Скопје, Единица за недозволена трговија, до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривичнa пријавa против Д.З.(35) од Куманово, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело – „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“ предвидено и казниво по член 215 од КЗ на РМ.

Имено, на 8 јуни околу 23:00 часот од страна на полициски службеници на улица „Лазар Поп Трајков“ извршено е легитимирање на пријавениот при што кај истиот е пронајдена полиетиленска кеса со растителна материја. По добиена усна наредба за вршење претрес во домот каде привремено престојува пријавниот пронајдени и одземени се: 147 саксии со Cannabis, 49,65 грама марихуана, 46,33 грама амфетамин, четири таблети 3,4 метилендиоксиметамфетамин(MDMA) психотропна супстанца, стимуланс на централниот нервен систем класифицирани во Националната Листа I на контролирани психотропни супстанци, потоа дигитална вага, дигитален мерач за температура и влажност, тајмер и четири лед панели. На Д.З. од страна на судија на претходна постапка му е одредена мерка притвор во времетраење од 30 дена.