Пронајдено тело во распаѓање во кичевско – починатиот идентификуван како 27-годишно момче

Пронајдено тело во распаѓање во кичевско – починатиот идентификуван како 27-годишно момче

Пронајдено тело во распаѓање во кичевско – починатиот идентификуван како 27-годишно момче

Коментарите се исклучени на Пронајдено тело во распаѓање во кичевско – починатиот идентификуван како 27-годишно момче
Share Button

По добиена информација за пронајдено тело во распаѓање над с. Бигор Доленци, кичевско, надлежен јавен обвинител и екипи од Министерството за внатрешни работи вчера попладне започнаа со увид на лице место, јавуваат од ОЈО.

Починатиот е пронајден во непристапен терен кој оневозможуваше транспорт на телото во текот на ноќта. По обезбедување на телото, утринава со помош на хеликоптер починатиот беше пренесен во Институтот за судска медицина во Скопје, каде по наредба на јавен обвинител ќе биде извршена обдукција.

Извршена е идентификација на починатиот и според првичните сознанија починатиот на возраст од 27 години е жител на с. Стрелци, кичевско. Дополнително надлежниот јавен обвинител издаде Наредба за вршење на ДНК анализа за потврдување на идентитетот на починатиот. По пријава за исчезнување на сега починатиот, повеќе од еден месец надлежните органи и жителите на околните места спроведуваа акции за негово пронаоѓање.

Основното јавно обвинителство Гостивар во континуитет презема дејствија во насока на разоткривање на причините за смртта на починатиот.​

уредник

Related Posts

Во затворот Идризово тепачка

Коментарите се исклучени на Во затворот Идризово тепачка

Исчезна 21 годишна девојка од Кичево

Коментарите се исклучени на Исчезна 21 годишна девојка од Кичево

Од струмичко жена уценувана со објавување интимни фотографии

Коментарите се исклучени на Од струмичко жена уценувана со објавување интимни фотографии

Татко и син се испијаниле, се испокарале, па пукале со ловна пушка во домот

Коментарите се исклучени на Татко и син се испијаниле, се испокарале, па пукале со ловна пушка во домот

РЕСЕНЧАНКА ПРОНАЈДЕНА МРТВА ВО ВОДИТЕ НА ЛЕВА РЕКА

Коментарите се исклучени на РЕСЕНЧАНКА ПРОНАЈДЕНА МРТВА ВО ВОДИТЕ НА ЛЕВА РЕКА

Create Account



Log In Your Account