Бугарија се двоуми: Дали „Северна Македонија“ носи територијални претензии !?

Бугарија се двоуми: Дали „Северна Македонија“ носи територијални претензии !?

Бугарија се двоуми: Дали „Северна Македонија“ носи територијални претензии !?

Коментарите се исклучени на Бугарија се двоуми: Дали „Северна Македонија“ носи територијални претензии !?
Share Button

Се потпираме на гаранциите дека со името Република Северна Македонија нема територијални претензии, кои што ги дава Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, порача денеска бугарската министерка за надворешни работи и вицепремиерка, Екатерина Захариева.

Давајќи изјава за новинарите пред почетокот на денешната седница на Комисијата за надворешна политика на бугарскиот парламент, Захариева го поздрави чекорот на Македонија и Грција за постигнување спогодба по долги години спор.

– Потсетувам дека Бугарија прва ја призна Република Македонија под нејзиното име. Ние сметаме дека има гаранции, какви што има во Договорот, дека тоа на ниеден начин нема да води до територијални или идентитетски претензии. Во нашиот Договор за пријателство, добрососедство и соработка има доволно такви гаранции – изјави Захариева пред новинарите во Софија, порачувајќи дека сепак треба да се почека да се види целосниот текст на спогодбата.

уредник

Related Posts

В недела протест на градскиот плоштад во Охрид

Коментарите се исклучени на В недела протест на градскиот плоштад во Охрид

Владиката Петар задржан на скопскиот аеродром по барање на финансиска полиција

Коментарите се исклучени на Владиката Петар задржан на скопскиот аеродром по барање на финансиска полиција

Забрана за тешки товарни возила од 18.40 ч. на планинскиот премин Буково

Коментарите се исклучени на Забрана за тешки товарни возила од 18.40 ч. на планинскиот премин Буково

Create Account



Log In Your Account