Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и повремени врнежи од дожд

Share Button

Од УХНР известуваат дека времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и повремени врнежи од дожд, кои околу пладне и попладне ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Во источните делови локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилни врнежи, засилен ветер и услови за појава на град.
Утре во текот на целиот ден времето ќе биде пооблачно со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи, а се очекува да наврне и поголема количина на воден талог. Потоа во следните денови ќе има повремен пороен дожд и грмежи, особено во попладневните часови.