Во недела потпишување на договорот за „Северна Македонија“ во Преспа – Грците се мобилизираат за протести !

Share Button

Грчкиот весник „Катимерини“ објави дека договорот меѓу Македонија и Грција ќе се потпише во недела во Преспа, на македонска територија, и дека, неофицијално, сведок на потпишувањето, покрај медијаторот Метју Нимиц, ќе биде и првиот човек на НАТО Јенс Столтенберг.

„Во Преспа, покрај премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас и шефовите на дипломатиите Никола Димитров и Никос Коѕијас, ќе биде и медијаторот од ОН, Метју Нимиц, а на потпишувањето се очекува да бидат присутни и првиот човек на ОН, Антонио Гутереш и шефицата на европската надворешна и безбедносна политика, Федерика Могерини“, објавија дел од грчките медиуми.

Нема да одобриме наш потпис на срамен договор, со кој во Скопје ќе се нарекуваат „Македонци“ а нивниот јазик „македонски“, соопштија организаторите на денешниот протест во Атина и закажаа нов, во недела во Преспа.

„Владата го продава името на нашата Македонија, со флагрантно кршење на нашата утврдена национална позиција. Ние нема да одобриме ставање наш потпис на таков срамен договор, со кој во Скопје ќе се нарекуваат ‘Македонци’ а нивниот јазик ‘македонски’“, соопштија организаторите.

Тие упатија критики и до претседателот на Грција: „Дури и Прокопиј Павлопулос станува соучесник во злосторството“.

„Во знак на протест против потпишувањето на договорот од страна на премиерите на Грција и на Македонија”, ги повикуваме граѓаните од Северна Грција на протест во Преспа на 17 јуни (недела) во 11 часот“, повикаа од Комитетот.