Поради извлекување на товарно возило, во прекин сообраќајот кај мотел Дреново

Поради извлекување на товарното возило од синоќешната сообраќајка, во прекин е патот Градско – Прилеп кај мотел Дреново, информира Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Возилата се пренасочуваат да се движат кон Прилеп преку Кавадарци.

Сообраќајката се случи вчера кога унгарски шлепер излета од патот и се преврте. Возачот поминал со полесни повреди.