ВЕЧЕРВА ПРОТЕСТ ПРЕД СОБРАНИЕТО: Се бара Договорот со Грција да не се реализира

Демонстрантите и вечерва пред Собранието порачуваат дека е страшно да се менува името и никој не смее да го бара тоа.  Велат дека меѓународната заедница требала да ја прифати земјата под уставното име.

Според нив, Договорот меѓу Македонија и Грција е против сите правила и не смее да се спроведе.

Ова е седми ден како се протестира.