На патот Битола-Демир Хисар, битолски „Цитроен“ удрил во осумгодишно дете од с.Кукуречани

На 21.06.2018 година околу 16,20 часот на патот Битола-Демир Хисар, во с.Кукуречани, патничко возило „Цитроен“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Б.М. (47) од Демир Хисар, удрило во осумгодишно дете од с.Кукуречани. Од ударот момчето се здобило со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош било пренесено во Општа болница Битола каде му била укажана лекарска помош и бил задржана на лекување. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Битола.- соопштуваат од МВР