Видео со дрон од големиот сенароден протест “Никогаш Северна, Секогаш Македонија”

Share Button

Видео со дрон од протестот "Никогаш Северна, Секогаш Македонија"

СПОДЕЛУВАЈВидео со дрон од големиот сенароден протест "Никогаш Северна, Секогаш Македонија". Оддржавме досега најголем непартиски протест за одбрана на името Македонија. Беше тешко и жешко да се оддржи протестот, бевме замолчувани, но успеавме! Ние како студенти бевме оставени сами на себе да се бориме против зависта на сите стари квази-патриотите со бели и полу-бели коси, криминалци со условни пресуди, како и политичари од вонпарламентарните партии желни повторно да се вратат во парламентатот преку нови партии. Од завист, многумина направија се за да не саботираан на нас студентите, за да не успее нашиот протест и да не замолчат на нас студентите. Но ние сме тука за да се бориме за нашата татковина Македонија. Ние сме студенти и нашето најголемо одужје е ЧИСТИНАТА на нашето срце и душа. Ние не се бориме за партии и служби, ние се бориме за иднината на Македонија, ние се бориме за да живееме во Република Македонија, а не Северна. На сите тие кои се обидавте да ни го саботирате протестот, ви порачуваме – Никогаш нема да не сопрете на нас студентите. Ние се тука за да се бориме за нашата иднина и ќе успееме! На сите вас во еден глас ви порачуваме:Никогаш Северна, Секогаш МАКЕДОНИЈА!!!

Публикувахте от Млади за Македонија – Mladi za Makedonija в Вторник, 26 юни 2018 г.