Заев на фејсбук: Уште едно големо признание за нашата земја!Ама не ја спомна условеноста

Премиерот Зоран Заев на својата фејсбук страница изрази задоволство од како што напиша доделувањето на датум за преговори на Македонија за влез во ЕУ.

„Уште еден голем ден за Република Ммакедонија. Уште едно големо признание за нашата земја“ – напиша премиерот Заев на фб по одлуката на советот.

Заев без да ја спомене условеноста на датумот за преговори порачува дека Европската унија и лидерите на сите земји членки ја препознале Република Македонија како земја на позитивни промени, на динамичен процес на реформи, на инклузивност и на општествен дијалог.

„Држава која со силна, добронамерна политичка волја ги решава споровите со соседите и земја на граѓани кои покажаа дека имаат јасно изразена визија за европска иднина. Патот на реформи и градењето на нашата земја како држава по европски правила, е неповратен процес. Остануваме на реформскиот курс. Пред нас имаме конкретна цел. Сега граѓаните на Република Македонија можат да кажат силно и слободно – да, за европска Македонија! Силно „да“ за македонската иднина, за нашата заедничка иднина, напиша Заев на фб.