Тепачка во Центарот за бездомници во Чичино село

Share Button

Масовна тепашка се случила во кругот на Центарот за бездомници во Чичино село во Скопје. Според полицијата, вчера во Центарот кој се наоѓа кај село Грчец бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна тепачка во која петмина нападнале 58-годишен маж. Во тепачката учествувале Ф.И.(62), Р.Р., Ф.Р.(34),Ф.Ш.(29) и едно 17 -годишно лице  од една страна и З.С.(58) од другата страна. Станува збор за лица од Скопје со привремен престој во Чичино Село.

Тие најпрвин си нанеле неколку меѓусебни удари по што З.С. со спреј-солзавец ги испрскал по лицето и очите. По преземени мерки сочинети се записници за констатиран прекршок по член 11 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир.