Се празнува: Раѓањето на Свети Јован Предвесник и Крстител Господов

Се празнува: Раѓањето на Свети Јован Предвесник и Крстител Господов

Се празнува: Раѓањето на Свети Јован Предвесник и Крстител Господов

Коментарите се исклучени на Се празнува: Раѓањето на Свети Јован Предвесник и Крстител Господов
Share Button

Тропар, глас 4.
Пророче и Претечо на пришествието Христово, не умееме достојно да те пофалиме, ние што со љубов те почитуваме. биделќи со твоето чесно и славно раѓање се разреши неплодството на онаашто роди, и немоста на таткото, и на светот му се проповеда воплотувањето на Синот Божји.

Шест месеци пред своето јавување на Пресветата Дева Марија во Назарет, великиот архангел Божји Гавриил му се јави на првосвештеникот Захариј во ерусалимскиот храм. Пред да го објави чудесното зачнување на безмажната девица, архангелот го објави чудесното зачнување на една бездетна старица. Захарија не поверува веднаш во зборовите на Божјиот известител и затоа јазикот му се врза со немост, па остана нем с ѐ до осмиот ден по раѓањето на Јован. Тој ден се собраа роднините на Захарија и Елисавета за обрезание на младенецот за да му биде дадено име. Па кога го прашаа таткото кое име би сакал да му го даде на синот, тој бидејќи нем напиша на табличка: Ј о в а н. Јазикот му се одврза во тој час и тој почна да говори. Домот Захариев беше на височината меѓу Витлеем и Хеврон. Гласот дека на Захарија му се јави ангелот Божји, дека онеме, а потоа му се одврза јазикот штом го напиша името Јован, се разнесе по сиот Израил. Овој глас дојде и до Ирод. Затоа Ирод, кога испрати да се заколат децата во Витлеем, прати луѓе и во ридското престојувалиште на семејството Захариево, за да го убијат и Јован. Но Елисавета благовремено го сокри детето. Разјарен од ова, царот Ирод испрати џелати кај Захарија во храмот (зашто се погоди тој повторно беше чреден за служење во ерусалимскиот храм) да го убијат. Захариј беше убиен меѓу притворот и храмот, а неговата крв се засири и се скамени на плочите и остана како неизбришливо сведоштво против Ирод. Елисавета со детето се скри во една пештера, во којашто набрзо таа умре. Младенецот Јован остана сам во пустината, препуштен на грижа на Бога и Неговите ангели.

уредник

Related Posts

Христос Воскресна – Навистина Воскресна.Денеска се слави Велигден

Коментарите се исклучени на Христос Воскресна – Навистина Воскресна.Денеска се слави Велигден

Create Account



Log In Your Account