Полиција и претрес во домот на Стевчо Јакимовски, можно е и да биде приведен

Share Button

Телма дознава дека полицијата врши претрес во куќата во Жданец на поранешниот градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски.

Претресот се врши по налог на друга државна институција, заради сомневање за злоупотреба на службена должност.

Според извори блиски до истрагата, досега се обезбедени и други докази за финансиски малверзации од страна на Јакимовски.

Не се искллучува можноста тој да биде приведен и однесен на распит.- јавува Телма