Хах…смешки!Заев ќе ја спасува Општина Битола од нов „Транспортер“

Share Button

Со промена на Законот за сообраќај, кој влегува во Собрание, и со директно решение на централната власт со формирање Kомисија предводена од премиерот Зоран Заев, ќе се решаваат проблемите со превозот и долговите на училиштата во Битола.

Ова го најави локалната власт од Битола, откако пред советниците на дневен ред се најдоа измените на одлуката и дополнувањето на тарифата за општински линиски превоз, донесени во 2012 и во 2015 година.

Политичката сцена во градот се разгоре, откако Советот донесе одлука Општината да спроведе постапка за јавна набавка за превоз на ученици кои имаат право на бесплатен школски превоз, а ќе ги користат линиите од општинскиот линиски превоз.

Со оглед на фактот што СЈО отвори предмет „Транспортер“, во кој за криминал тежок 360.000 евра им се суди на поранешниот градоначалник Владимир Талески и на 20 негови соработници, сегашната опозиција од ВМРО-ДПМНЕ силно ја нападна власта дека само се обидува да ја замајува јавноста, затоа што ништо не се менува со постапката, а цените за превозот остануваат исти.

 

Опозицијата побара рефундирање на парите на родителите чии деца останале без превоз

цел текст тука