Кржаловски: ВМРО-ДПМНЕ се доближи по рејтингот до СДСМ поради Договорот со Грција

Кржаловски: ВМРО-ДПМНЕ се доближи по рејтингот до СДСМ поради Договорот со Грција

Кржаловски: ВМРО-ДПМНЕ се доближи по рејтингот до СДСМ поради Договорот со Грција

Коментарите се исклучени на Кржаловски: ВМРО-ДПМНЕ се доближи по рејтингот до СДСМ поради Договорот со Грција
Share Button
Според политичкиот аналитичар Александар Кржаловски од Македонскиот центар за меѓународно образование, организација која стои зад последната анкета која покажува изедначување во рејтингот на двете најголеми партии, вели дека враќањето на рејтингот на опозицијата во најголем дел се должи на Договорот со Грција.

Тој вели дека анкетата е правена пред да станат актуелни последните корупциски скандали со тендери и тие допрва ќе имаат влијание на јавното мислење.

-Моето толкување на ваквото доближување на ВМРО-ДПМНЕ и враќање на нивото, на сегашното ниво , СДСМ се нема многу поместено од она што имаше доверба и досега, ама ВМРО е вратено назад. И по мене во најголем дел се должи на договорот со Грција, односно мислам дека тоа наоѓа на поткрепа и во целата анкета дека генерално мнозинството од луѓето меѓу 50 и 60 посто вкупно, а уште повеќе кај етничките Македонци се незадоволни од повеќето одредби од Договорот. Иако на крајот дел од нив се изјаснуваат дека ќе гласаат за. Ама релативно мнозинско незадоволство има за поединечните прашања, менување на Устав, менување на името, кодовите, регистрациите и слично. Можеме да зборуваме и повеќе за тоа ама јас така го објаснувам бидејќи анкетата е правена на 24 јули до први август, тоа е мислам пред овие последни афери што беа со тендери со слични корупциски скандали. Мислам дека тие не влијаеа на овој резултат и мислам дека тие допрва ќе се разврзуваат – рече Кржаловски.

уредник

Related Posts

Create Account



Log In Your Account