Полиција го бара – Возач на скутер повредил пливач и побегнал

Share Button

Полициската станица од Струга презема мерки за пронаоѓање на лице кое вчера во 16.40 часот, управувајќи скутер во водите на Охридското езеро кај населбата „Езерски лозја“, го повредило лицето Р.Д. (50) од струшкото село Ливада. Според пријавата, Р.Д. пливал на околу 500 метри оддалеченост од брегот кај населбата „Езерски лозја“ кога бил удрен од скутер. Возачот на скутерот веднаш заминал и не му пружил помош на повредениот. Тој, со помош на друго лице бил пренесен во Општата болница во Струга.