И МТСП на терен – постапува по случајот со претепаното двегодишно дете.Таткото притвор 8 дена

И МТСП на терен  – постапува по случајот со претепаното двегодишно дете.Таткото притвор 8 дена

И МТСП на терен – постапува по случајот со претепаното двегодишно дете.Таткото притвор 8 дена

Коментарите се исклучени на И МТСП на терен – постапува по случајот со претепаното двегодишно дете.Таткото притвор 8 дена
Share Button

Министерството за труд и социјална политика (МТСП) соопшти дека е запознаено и постапува по случајот во кој двегодишно дете со телесни повреди вчера е примено на Детска хирургија.

Веднаш по пријавувањето на случајот дека таткото, односно сопругот, извршил семејно насилство врз децата и нивната мајка односно сопруга, посочуваат од МТСП, специјализираниот стручен тим од Центарот за социјални работи на Град Скопје излезе на терен.

На таткото му е одредена мерка притвор во траење од осум дена, а здравствената состојба на двегодишното дете е добра и денеска ќе биде пуштено дома. Останатите три деца кои вчера беа интервентно сместени во згрижувачко семејство ќе се вратат кај мајката и сите заедно ќе бидат згрижени во Центарот за лица жртви на семејно насилство. Воедно, Центарот ќе иницира постапка за изрекување мерки за времена заштита од семејно насилство, посочуваат од МТСП.

Потенцираат дека семејството е познато на Центарот и по претходни пријави за семејно насилство.

Од средината на март до почетокот на април годинава, мајката и четирите деца биле згрижени во Центарот за лица жртви на семејно насилство. Центарот го напуштиле по писмена изјава на мајката дека сака да се врати во домот на сопругот со своите деца, бидејќи ги надминале недоразбирањата и состојбата во домот е смирена, стои во соопштението од Министерството.

уредник

Related Posts

16 годишно девојче од Скопје исчезна

Коментарите се исклучени на 16 годишно девојче од Скопје исчезна

Кривична пријава за злоупотреба на службената положба

Коментарите се исклучени на Кривична пријава за злоупотреба на службената положба

Битолчанец побара помош: Му исчезнаа сопругата и 5-годишната ќерка

Коментарите се исклучени на Битолчанец побара помош: Му исчезнаа сопругата и 5-годишната ќерка

Удрил куче и паднал на коловозот – Повреден мотоциклист во Битола

Коментарите се исклучени на Удрил куче и паднал на коловозот – Повреден мотоциклист во Битола

Исчезнаа две малолетни сестри во Скопје

Коментарите се исклучени на Исчезнаа две малолетни сестри во Скопје

Create Account



Log In Your Account